Search

Рашфорд: Манчестер јунајтед треба да продолжи во ваков стил

Напаѓачот на англискиот фудбалски премиерлигаш Манчестер jунајтед, Маркус Рашфорд е задоволен од синоќешната убедлива победа над Лајпциг  (5:0) во 2. коло од Лигата на шампионите. Рашфорд средбата ја почна од клупата за резервни играчи, а кога му беше укажана шанса ја икорсити максимално со три постигнати голови.

– Тоа беше одличен перформанс. Ова е она кон што се стремиме. Треба да продолжиме вака и да го искористиме моментумот на следните натпревари. Манчестер јунајтед освои  шест бода откако играше со два многу добри тима. Ние сме во одлична позиција во групата и се надеваме дека ќе можеме да ја покажеме истата форма во Премиер лигата. Беше важно да се дојде до првата домашна победа во сезоната. Ова место треба да биде тврдина, затоа победата беше од витално значење. Се надевам дека оваа сезона домашната победа ќе биде прва од многуте, истакна Рашфорд.

 

Треба да знаете
Последни објави