Search

Рашфорд е поефикасен од Роналдо Анри на англиската сцена

Најдобриот фудбалер на Манчестер Јунајтед оваа сезона – Маркус Рашфорд не само што продолжува да ја импресионира цела Англија во последните неколку месеци, туку и ги надмина легендите на англискиот фудбал со своите резултати.

Десетката на „црвените ѓаволи” веќе има 200 натпревари задсебе, постигнувајќи 64 голови и 31 асистенција, што значи дека Рашфорд придонел за 95 гола на Манчестер јунјатед.

На исто толку натпревари, Португалецот Кристијано Роналдо има постигнато 47 гола и асистирал уште за 41 во дресот на 20-кратниот шампион на Англија од „Олд Трафорд“.

Поранешниот капитен на Арсенал, Тиери Анри е во топ 3 фудбалери на ангриската сцена според овој показател. Светскиот шампион од 1998 година со Франција, Анри има постигнато 50 гола и асистирал за уште 11 на англиските и европските терени во дресот на „топџиите”.

Покрај неверојатниот настап во текот на овој период, Рашфорд,  производот од школата на рекордерот по титули во Премиер лигата е трет најмлад играч во клубот кој стигнал до 200 дуели по Џорџ Бест и Рајан Гигс.

На колку повеќе достигнувања ќе стане автор 22-годишниот крилен играч со тимот на Јунајтед или друг англиски тим, само времето ќе каже.

Треба да знаете
Последни објави