Search

Рашфорд е играч на неделата во Лигата на шампионите

Напаѓачот на англискиот фудбалски премиерлигаш Манчестер јунајтед, Маркус Рашфорд е прогласен за играч на неделата во Лигата на шампионите на УЕФА.

Дваесет и двегодишниот Англичанец постигна хет-трик во триумфот против Лајпциг со убедливи 5:0.

За наградата беа номинирани и играчот за врска на Атлетико, Жоао Феликс, напаѓачот на ПСЖ, Моис Кин и напаѓачот на Аталанта, Дуван Запата.

Рашфорд трите погодоци против Лајпциг ги постигна како резервен играч.

Треба да знаете
Последни објави