Search

Рашковски: За случајот со радарите е разговарано на затворена владина седница, информациите се класифицирани

За случајот со радарите кои останале без сигнал во септември е разговарано на затворена владина седница, но информациите се класифицирани бидејќи станува збор за доказна постапка во Обвинителството. По носење на одлуките од страна на Обвинителството, информациите ќе бидат јавни, изјави денеска генералниот секретар на Владата, Драги Рашкковски на прес-конференцијата во Владата.

Прашан зошто инцидентот се случил во септември, а Владата за ова разговарала минатата недела, Рашковски појасни дека за ова е разговарано на првата владина седница по добивањето на извештајот за овој случај од страна на Комитетот за воздухопловни несреќи.

 

Треба да знаете
Последни објави