Search

Рачниот часовник е повалкан од веце школка

Одржувањето на личната хигиена, особено кога температурите растат, е императив за заштита од зарази и болести.

 

Кога ќе помислиме на нешто валкано и полно со бактерии, веднаш помислуваме на веце школка, но не би помислиле дека на зглобот на раката носите нешто многу повалкано.

Според најновите истражувања, на рачниот часовник има дури три пати повеќе бактерии отколку на просечна веце школка.

Во истражувањето што го спроведе компанијата за рачни часовници Tic Watches било тестирано присуство на најразлични бактерии, габи и микроби.

Биле тестирани 10 различни видови на рачни часовници, со различни алки и ремчиња. Највалкан од сите се покажал фитнес рачниот часовник што е осум пати повалкан од веце школка. Најчисти се рачните часовници со кожено ремче.

Даниел Ричмонд, директор, препорачува најмалку еднаш месечно да го чистите рачниот часовник.

Без разлика колку пати дневно ги миете рацете, не го миете рачниот часовник што ви е блиску до дланката.

Металните модели лесно се чистат со четкичка, вода и сапун, а за кожените ремчиња употребете и малку оцет. Главата на часовникот исчистете ја со влажна крпа или антибактериско марамче.

Треба да знаете
Последни објави