Search

Рачна бомба пронајдена во канал

Рачна бомба била пронајдена во одводен канал, завчера во Вевчани, информираше МВР.

– На 17.02.2019 година околу 16.50 часот во Полициската станица Струга било пријавено дека во Вевчани, струшко, при чистење на одводен канал, била пронајдена една рачна бомба со непознато потекло од Втора Светска Војна и една кесичка со барут. Од страна на овластено лице од Дирекцијата за заштита и спасување рачната бомба била безбедно подигната и предадена за понатамошна постапка, велат од МВР.

Треба да знаете
Последни објави