Search

Рачна бомба од Втората светска војна откриена на брегот на Дебарско Езеро

Рачна бомба од Втората светска војна е пронајдена на брегот на Дебарското Езеро, кај месноста Венец.

Според информациите на СВР-Охрид, вчера во 13 часот и 35 минути, на брегот на Дебарското езеро во месноста Венец, случаен минувач забележал стара експлозивна направа – рачна бомба.

Подрачјето било обезбедено од полициски службеници сè до 18 часот, кога овластено службено лице од Дирекцијата за заштита и спасување извршил безбедно подигнување. Тој констатирал дека се работи за рачна бомба од италијанско производство која потекнувала од Втората светска војна.

Треба да знаете
Последни објави