Search

Раул: Не знам дали во иднина ќе ја водам Македонија

Македонија го победи Чиле во завршниот натпревар на Светското првенство, натпревар кој може да биде последен за Раул Гонзалес на кормилото на нашата селекција.

Ова шпанскиот стратег го најави по  триумфот, односно сака да направи анализа и потоа со мирна глава да ја соопшти конечната одлука.

-Свесен сум за критиките од јавноста дека не сум бил посветен на работата со репрезентацијата по заминувањето во ПСЖ. СП заврши, ќе видиме што ќе се случи. Главите се жешки, јас сакам да донесам одлука кога ќе имам мир. Не сум сигурен дали ќе ја водам Македонија, ќе направиме анализа, -истакна Гонзалес кој не е задоволен од конечниот пласман на мундијалот.

-Честитки до нас и до чилеанската репрезентација за одличниот натпревар. Ние заслужено победивме. Очекувавме да ја минеме групата, но не успеавме во нашите намери, порача Шпанецот.

Треба да знаете
Последни објави