Search

Ратко Младиќ од болница вратен во затворот во Шевенинген

Генералот Ратко Младиќ денеска од болницата во Хаг е вратен во притворската единица во затворот во Шевенинген.

Тој вчера беше однесен во болница откако му се слоши за време на посетата на неговата сопруга во затворот.

Неговиот син Дарко Младиќ изјави дека разговарал со татко му, кој го информирал дека е добро, додавајќи дека се уште не е позната дијагнозата бидејќи не ја добил лекарската документација.

Ратко Младиќ се наоѓа во притвор во Хашкиот трибунал во Шевенинген од јуни 2011 година.

На 22 ноември 2017 година тој беше осуден на доживотна казна затвор поради воени злосторства во Босна и Херцеговина, а неговите бранители поднесоа жалба на пресудата.

Треба да знаете
Последни објави