Search

Расчистени пет кривични дела тешки кражби и едно разбојништво

Во текот на изминатата недела, по преземени мерки и активности, полициски службеници од СВР Штип затекнале две лица на возраст од 26 и 27 години и еден малолетник при извршување на кривично дело  „тешка кражба“ од  патничко моторно возило во Штип. Лицата биле лишени од слобода и по целосно документирање на случаите, против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави. Во истиот период расчистени се и пет кривични дела „тешка кражба“ извршени во  патнички моторни возила, продавници и аптека на подрачјето на Полициската станица Штип, извршени од страна на овие сторители и уште еден малолетник, при што биле одземени повеќе производи и предмети.

Расчистено е и кривичното дело „разбојништво“ извршено на 05.11.2019 на Градскиот пазар во Штип извршено над 83-годишна жена од страна на малолетен сторител, кој физички ја нападнал жената, а потоа ѝ ја одзел чантата. И ова лице е лишено од слобода и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава. Дел од украдените предмети се одземени од сторителите и вратени на оштетените граѓани.

 

 

Треба да знаете
Последни објави