Search

Раст на цената на нафтата по вчерашниот пад

Цените на нафтата пораснаа во азиската трговија денеска по падот од повеќе од 5 отсто вчера, предизвикан од стравувањата од побарувачката поради ширењето на новата верзија на коронавирусот. Брент од Северното Море, што е референца за Европа, додаде 2,7 отсто на 71,12 долари за барел откако вчера падна под прагот од 69 долари.

Американската лесна сурова нафта се зголеми за 2,5 отсто на 67,86 долари за барел.

Треба да знаете
Последни објави