Search

Расте бројот на членови на екстремната десница во Германија

Сојузната служба за заштита на уставниот поредок на Германија забележала минатата година пораст на кривични дела со радикално десна позадина, објави денеска „Билд”.

-Бројот на луѓе, кои се припишуваат на екстремната десница, е во благ пораст. Во 2018 година, регистрирани се 24.100 такви лица, што е 100 повеќе од 2017 година, наведува „Билд ам Зонтаг”, повикувајќи се на годишниот извештај на Службата за заштита на уставниот поредок, кој треба да биде официјално објавен следната недела.

Во исто време, бројот на насилни кривични дела се зголемил од 28 во 2017 на 48 во 2018 година. Во извештајот, половина од членовите на екстремната десница се етикетирани како насилни.

Како главна цел на нападите на екстремната десница, во извештајот се наведени две групи – бегалци и муслимани. Исто така, се потенцира дека политичарите се почесто се мета на нападите на екстремната десница.

Тематски, екстремна десница најчесто се занимавала со прашања како „губење на националниот идентитет” и „зголемување на бројот на странци”.

Инспекторите се повеќе внимание обрнуваат на таканаречените „граѓаните на Рајхот”, кои не се вбројуваат во екстремната десница, туку со негирање на уставниот поредок на Германија и повикување на границите пред Втората светска војна, дејствуваат на десната страна на политичкиот спектар.

Треба да знаете
Последни објави