Search

Расте бројот на новозаболени во Грција, заразени повеќе од 5.000 лица

Бројот на заразени со коронавирус во Грција надмина 5.000, откако дневниот број на новозаразени лица повторно почна да расте во изминатите недели.

Во последните 24 часа пријавени се 153 нови случаи, така што вкупниот број заразени лица се зголеми на 5.100, а починаа 210 лица.

Највисок дневен број на новозаболени е забележан на 21 април, кога имало 156, пренесува „Гардијан“.

Службата за цивилна заштита воведе строги мерки на туристичкиот остров Парос недалеку од Атина, што ќе бидат во сила наредните 10 дена.

Работата на баровите, рестораните и клубовите е ограничена на 19 часа, а маските се задолжителни на сите затворени и отворени простори.

Сите собири се ограничени на десет лица,  забранети се забави, улични пазари, саеми и верски собири.

Треба да знаете
Последни објави