Search

Расте бројот на заразени морнари на носачот Теодор Рузвелт

Бројот на морнари на американскиот носач на авиони Теодор Рузвелт, кои се позитивни на коронавирусот за 24 часа се зголеми за 13 на 155 инфицирани, соопшти денеска американската морнарица.

Досега се тестирани околу 44 проценти од речиси 5.000 членови на екипажот, а 1.548 морнари се симнаа од бродот чиј капетан Брет Крозие неодамна предупреди на коронавирусот поради што беше сменет. Ниту еден од заразените морнари не е хоспитализиран, соопшти морнарицата.

Капетанот Брет Крозие беше разрешен откако во јавност излезе неговото писмо до претпоставените во кое бара од морнарицата да преземе поинтензивни активности за сузбивање на ширењето на вирусот на бродот кој носи нуклеарно оружје.

Треба да знаете
Последни објави