Search

Расправа за Центарот за зависности денеска во Општина Кисела Вода

„Во насока на исполнување на дадените ветувања околу надминување на проблемите со Центарот на зависници, Општина Кисела Вода ги поканува сите засегнати жители од овој дел на градот и медиумските екипи на средба која ќе се одвива денеска, четрток, 22.11.2018год., во 19 часот во Големата сала на Општина Кисела Вода. На истата ќе бидат присутни и директно ќе им ги презентираат договорените мерки Градоначалникот на Општина Кисела Вода Филип Темелковски и Министерот за здравство Венко Филипче. Со почит, Општина Кисела Вода“

Жителите на Кисела Вода пред десетина дена првпат излегоа на собир против Центарот за зависници и на институциите им дадоа рок до 1 декември за негово дислоцирање.

Рекоа дека не веруваат повеќе на ниту едно ветување од властите кои трета деценија ги лажат дека ќе го дислоцираат Центарот. Се пожалија дека децата им играат покрај расфрлани игли и шприцови, нема куќа околу Центарот во која немало кражба и најавија дека од 1 декември нема да дозволат зависниците да доаѓаат во Кисела Вода.

Треба да знаете
Последни објави