Search

Расел Кроу помогна да се спаси животот на повредена птица

Расел Кроу донираше пари за да се спаси животот на една кукабара.

57-годишниот актер донираше непозната сума на пари во зоолошка градина во Австралија изминатиов викенд. Со својата донација тој ѝ овозможи на золошката градина да купи ендоскоп кој беше потребен за да се спаси повредената птица откако проголтала мала кука за риболов.

Веста за состојбата на птицата првпат ја откри твитер-профилот на Wildlife Warriors, добротворна организација основана во 2002 година од покојниот Стив Ирвин и неговата сопруга Тери Ирвин како начин да ги охрабри другите да ја поддржуваат заштитата на повредените и загрозени животни.

Добротворната организација твитна: „Арчи кукабара имаше проголтано кука за риболов кога пристигна во болницата за диви животни во AustraliaZoo. За лоцирање на предметот беше користен ендоскоп, по што беше безбедно отстранет. За среќа, Арчи заздраве и се врати во дивината.“

И во друг твит од самата Тери Ирвин, откриено е дека Расел донирал средства потребни за набавка на опремата за спасување живот.

Таа напиша: “Ви благодарам Расел Кроу што дониравте средства за набавка на овој ендоскоп кој спаси живот. Арчи навистина го ценеше тоа!“

Треба да знаете
Последни објави