Search

Раперката Карди Би размислува за политичка кариера

Раперската суперѕвезда Карди Би ја сподели идејата за политичка кариера, велејќи дека може да се замеша во политика како член на американскиот Конгрес.

„Сакам да бидам политичар. Навистина сакам влада иако не се согласувам со Владата,“ напиша на својот Твитер викендов раперката од њујоршки Бронкс.

„Чувствувам дека ако се вратам на училиште и се фокусирам можам да бидам дел од Конгресот. Јас имам многу идеи кои имаат смисла. Ми требаат неколку години учење и можам да направам бранови, изјави раперката позната по хитовите Bodak YellowMoney и I Like It.

Поранешната стриптизета а сега суперѕвезда на рапот пред неколку години објави политички клип во врска со Доналд Трамп. Таа ги охрабри своите фанови да гласаат „за тато Берни“ во 2016 година, предупредувајќи дека жените со странско потекло ќе бидат депортирани ако Трамп стане претседател.

Американската раперка застана зад Сандерс и оваа сезона на претседателски номинации. Таа дури и имаше средба со сенаторот од Вермонт во салон за нокти за да разговара за повеќе теми, вклучително и зголемување на минималната плата, анулирање на студентски долгови, како и прашања поврзани со климатските промени.

Треба да знаете
Последни објави