Search

Ранет ловџија во Кавадаречко

Кавадаречки ловџија бил ранет вчера на лов, информираше МВР.

Според полицијата, инцидентот се случил околу 10.30 часот во село Команичево, кавадаречко, на место викано Врапче. Тогаш М.Ц.(68) од Кавадарци бил ранет во левата плешка  при лов со И.Ј. (27).

На М.Ц. му е укажана лекарска помош во Медицински центар Кавадарци, каде му била констатитана тешка телесна повреда, по што бил упатен во комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.

Се преземаат мерки за расчистување на настанот.

Треба да знаете
Последни објави