Search

Ранет заменик шерифот на округот Лос Анџелес

 Заменик шерифот на округот Лос Анџелес, Ејнџел Реинос, е ранет од истрели на огнено оружје, а  полицијата трага по непознатиот сторител.

-Реинос бил погоден во градите додека излегувал од полициската станица во Ленчестер Сити, но куршумот се одбил од заштитниот елек што го носел и рикошетот го погодил во раката, изјави портпаролот на шерифот, Mарвин Краудер.

Полицијата ја пребарува четирикатницата во близина на станицата каде се верува дека напаѓачот се сокрил, пренесуваат локалните медиуми.

Треба да знаете
Последни објави