Search

Рангеловска е настрана од пратеничката група на ВМРО ДПМНЕ оти не игра по партиските „ноти“

Меѓу пратениците од ВМРО-ДПМНЕ кои се потпишале на демантот за изјавата на Нола Исмајлоска Старова која кажа јавно во емисијата „360 степени“ дека услов да се најдат на пратеничките листи од партијата во 2014 година било да бидат подготвени да гласаат за промена на името на државата ја нема Даниел Рангеловска, кој беше гостинка во истата емисија. Рангеловска која со последните свои јавни настапи искажува се почесто несогалсување со ставовите на раководството на својата партија не добила понуда да се потпише на демантот, бидејќи е ставена под „мраз“. За ова партиско барање, Рангеловска во дебатата рече:

-Повисоко сум котирала во раководството и најверојатно сметале дека ако си раководство, кое и да е тешко прашње, би требало да се согласуваш со актуелното раководство, во однос на гласањето, можеби Нола била нов пратеник и сакале да ја проверат колку таа би била лојална ако се донесат такви тешки одлуки. Мене не ми направија проверка и не ме прашаа, тоа е вистината, рече Рангеловска.

Во емисијата „360 стерпени“ Рангеловска кажа дека ја завршила комуникацијата со партиското раководство, а како причини за тоа ги наведе случувањата на 27 април и однесувањето на пратеците на ВМРО ДПМНЕ на гласањето за Преспанскиот договор.

 

 

 

Треба да знаете
Последни објави