Search

Рангелова бара соочување со Мицкоски, вели правдата ја докажала а не се пазарела

Поранешната советничка и пратеничка од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Даниела Рангелова по завршување на рочиштето за „Шамарите во Центар“, на кое беше ослободена од обвинение, на сведоците кои свеодчеле против неа им порача дека тоа треба да им служи на чест, а лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан  Мицкоски го повика да се соочат на дуел.

-Да не бев во овој обвинителен акт, ќе можев многу послободно да дејствувам изминатиот период, бидејќи бев обвинувана дека ќе се пазарам. Сега си ја докажав правдата и можам слободно вербално да се пресметам со тие што ме обвинуваа. Со овие аргументи сега се покажува токму спротивното што го тврдеа Мицкоски и ‘компанијата’ и сега можеме лично да се пресметаме на еден дуел, доколку цени дека треба да излезе со мене… Можеби не се чувствува за достоинствено дека треба да излегува со некој бивш функционер од партијата, но со оглед на моето партиско искуство би сакала очи в очи да се пресметаме, кој одработува за оваа власт, дали ние или тој, изјави Рангелова.

 

 

Треба да знаете
Последни објави