Search

Рамос: Реал ќе продолжи да се подобрува

Дефанзивецот на Реал Мадрид, Серхио Рамос, по синоќешната победа над Севилја (1:0), рече дека тимот ќе биде уште подобар на следните натпревари.

Реал со Атлетик Билбао е на делба на првата позиција на табелата по 5. коло од  шампионатот на Шпанија.

– Знаевме дека натпреварот ќе биде тежок. Долго време не сме ја победиле Севилја на гости, па затоа требаше да направиме што е можно помалку грешки. Ја контролиравме играта и делувавме сигурно во одбраната. Резултатот од натпреварот е фер. Реал Мадрид е секогаш гладен за победи. Имаме тим што многу ветува. Ние ќе продолжиме да се подобруваме, изјави Рамос.

Треба да знаете
Последни објави