Search

Рамос им се приклучи на рекордерите во ЛШ со црвени картони

Капитенот на Реал (Мадрид), Серхио Рамос уште еднаш се запиша во историјата на фудбалската Лига на шампионите. Овој пат Рамос не се запиша со гол или трофеј, туку со уште еден црвен картон во 1/8-финалето против Манчестер сити (1:2), што е 27-ми во неговата кариера.

Во ова елитно натпреаврување Рамос ја дели првата позиција со Златан Ибрахимовиќ и Едгар Давидс, со по 4 црвени картони.

На втората позиција во анти-рејтингот, која исто ја делат неколку играчи, има и имиња како Марко Верати, Филип Мексес, Кристијан Киву и легендата Патрик Виера.

Треба да знаете
Последни објави