Search

Рамковски: Груевизмот е уште силен. Сите треба да сме уплашени

Сопственикот на поранешната А1 телевизија, Велија Рамковски на денешната панел дискусија со наслов „Жртви на режимот“ во организација на невладината „Цивил“ во емотивна исповед сподели искуства од периодот на поранешната власт, за притисоците кон ТВ куќата, кон него лично и кон негово семејство, за интензитетот на комуникација со експремиерот Никола Груевски, за времето минато во затвор, итн.

-Недоразбирањата со Груевски кулминираа во август во 2010 година по што цела фамилија бевме уапсени. Ме пикнаа во Шутка каде борбата да останете живи е тешка. Не можев да дишам, секој ден ме претресуваа и малтретираа со цинизам. Само гробот е полош од затвор. Ниту еднаш во 28. месеци додека бев „внатре“ не ја видов ќерка ми Емел. Затоа се радував на рочиштата, бидејќи единствено таму можев да ја сретнам. Но, издржавме, вели Рамковски.

Иако поминаа многу години од затворањето на телевизијата и прогонот на неговото семејство, сепак, тој вели дека е исплашен дека груевизмот се уште е длабоко во институциите.

-Груевски не беше задоволен како работат новинарите од телевизијата. Имавме повеќе судири со Груевски. Еднаш ми рече: „Луѓето умираат, спомениците ќе останат“. Во август 2010 година беше расцепот со него, а до крајот не уапсија цела фамилија. Ме пикнаа во затворот Шутка. Не можев да дишам, не можев ѕвездите да ги видам од рефлекторите. Секој ден имаше претрес, цинички ме малтретираа. Битката за да опстанеш жив е тешка. Ниеднаш додека шетав во затворот во тие 28 месеци, не ја видов ќерка ми Емел. Јас се радував на судењата, затоа што таму можев да ја видам. Но, издржавме се, ама груевизмот е длабоко во институциите. Сега сум малку исплашен, груевизмот е уште силен. Сите треба да сме уплашени, истакна Рамковски.

Треба да знаете
Последни објави