Search

Рамковска: Најдовме пари да платиме, ама една порака од Груевски промени се!

Емел Рамковска во „Клик Плус“ на ТВ21 посочи дека тие наоѓале пари за да го исплатат долгот, но една порака од екс премиерот Никола Груевски променила се.

 

„Ние правевме обиди за да ги исплатиме, ги најдовме парите, се додека не стигнавме кај цифрата 9. Ние имавме пријатели, партнери, бизнисмени со кои комунициравме, тие беа спремни и со 9 да ни помогнат. На еден од нашите блиски, му пристигна порака од Никола Груевски да се тргне, со каков речник, на кој начин и со кој зборови јас не сум сигурна, но човекот се повлече. Тука веќе ги исцрпивме ние можностите да најдеме било каква сума, затоа што веќе беше јасно“, изјави Рамковска.

Таа додава дека кога виделе дека тие ги наоѓаат парите, на крај кажале стоп.

Треба да знаете
Последни објави