Search

Рама: Харадинај лаже, не барав укинување туку суспензија на таксите

Албанскиот премиер, Еди Рама повтори дека косовскиот премиер, Рамуш Харадинај излажал кога рекол дека тој од него на берлинскиот самит побарал да бидат укинати наметнатите такси на производите од Србија.

„Рамуш излажа. Никој од него не побара да ги укине таксите, туку беше побарана суспензија, да се пружи можност да продолжи дијалогот со директен ангажман на канцеларката, Ангела Меркел и претседателот, Емануел Макрон“, изјави Рама.

Тој верува дека берлинскиот самит бил идеална можност за продолжување на дијалогот.

„Го поддржав данокот од првиот ден, но не како трговска мерка, бидејќи тоа е спротивно на сите правила. Сепак, го бранев на секој состанок со партнерите“, истакна Рама кој посочи дека со оваа мерка Приштина издејствувала да се слушне и нејзиниот глас.

Треба да знаете
Последни објави