Search

Рама се закани дека порталите кои со лажни вести создаваат паника ќе бидат затворени

Премиерот на Албанија, Еди Рама, денеска изјави дека Албанија има потребна од парична, а не материјална помош. Исто така, тој ги предупреди порталите да внимаваат што пишуваат и да не шират лажни вести, бидејќи во спротивно ќе бидат затворени.
– Последен пат ги предупредувам порталите и другите медиуми дека во услови на вонредната ситуација, ако продолжат да шират паника со лажни вести ќе бидат приморан да ги затворам – рече Рама.
Бројот на загинати во земјотресот во Албанија се искачи на 41. Според министерството за здравство, 750 луѓе се хоспитализирани, додека четири лица од нив се во тешка состојба. Еден од повредените е однесен за лекување во Италија.

Треба да знаете
Последни објави