Search

Рама: Не сме спремни за влез во ЕУ

Албанскиот премиер Еди Рама изјави дека Албанија се уште не е подготвена да стане членка на Европската Унија, но дека ги исполнила сите услови за започнување на претпристапните преговори за членство, пишува Албанија Дејли.

„Ги исполнивме сите услови за преговори, но се уште не сме подготвени. Мораме да работиме на подобрување на многу аспекти”, рече Рама на конференцијата со шефот на мисијата на ЕУ во Албанија, Луиџи Сорек.

Тој истакна дека Албанија започна да напредува во клучните реформи, како што се судството, пазарната економија и слично.

„Ова е предизвикувачки процес, но тоа е единствениот начин“, рече Рама.

Треба да знаете
Последни објави