Search

Рама не се откажува од датумот на избори: на 31 мај почнува изборната кампања

– Албанскиот премиер Еди Рама не се повлекува пред барањето на опозицијата за одложување на локалните избори закажани за 30 јуни.

Тој денеска најави дека неговата Социјалистичка партија(ПС),која ја предводи коалицијата „Алијанса за европска Албанија”,во која се 24 партии, на 31 мај ја почнува изборната кампања за избор на градоначалници и членови на Советите во 61 општина.

На состанокот со парламентарната група Рама ја презентирал изборната програма при што побарал да бидат организирани средби низ целата територија на земјата, на кои ќе се убедат гласачите да излезат на гласање и да им се објасни за тоа што им се заканува доколку се обидат да му наштетат на изборниот процес. Дури едно од прашањето што треба да се разговара на средбите со електоратот ќе биде и можноста да им биде забранет влез во САД и ЕУ ако тие го нарушат изборниот процес на 30-ти јуни.

Како и на саботната средба со кандидатите за градоначалници, Рама порачал пратениците да не дозволат да бидат провоцирани од поддржувачите на опозицијата и во случај на инциденти истите да ги регистрираат.

Започнувањето на изборната кампања доаѓа во време на кулминација на политичките тензии во земјата. Опозицијата на 25 мај ќе го одржи шестот национален протест, по што најави радикализација на своите актвности, а обновување на протестите најавија и студентите.

Треба да знаете
Последни објави