Search

Рама: Место празник, Ден на национална жалост во Албанија

Албанскиот премиер Еди Рама денеска изјави дека заради катастрофалниот земјотрес што ја погоди земјата на два дена пред празникот Ден на знамето, 28 ноември, нема да може да се слави, туку ќе има Ден на национална солидароност.

-Сакаме да имаме три дена на национална жалост, имајќи го предвид вонредниот обем на трагедијата, која до моментов досега одзеде 24 жртви, рече Рама на утринската вонредна седница на владата.

Во меѓувреме беше соопштено дека во вчерашниот разорен земјотрес во делови од Албанија животот го загубија 29 лица.

Тој кажа дека 28 и 29 ноември затоа не треба да бидат денови на прослави, туку денови на национална солидарност.

Празнувањата и свеченостите не би требало да го одвратат вниманието од актуелната ситуација, пренесе албанскиот портал Балкан веб.

-Затоа мислам дека на двата дена треба да се гледа како на денови на национална солидарност, каде покрај почитување на минатото сите кои можат да ги усогласат своите можности треба да придонесат за помош на загрозените, рече Рама.

Треба да знаете
Последни објави