Search

Рама: ЕУ треба да делува геостратешки и врз основа на заслуга за преговорите

Албанскиот премиер, Еди Рама од Брисел порача дека одлуката на ЕУ за отворање на преговори со Албанија и Северна Македонија треба да биде геостратешка и заснована на заслуги, јави дописничката на МИА од Брисел.

На новинарско прашање дали би било прифатливо за него Северна Македонија и Албанија да се одвојат во процесот на преговорите, Рама порача дека тоа не е негова надлежност.

-Тоа е надлежност на ЕУ, на Советот, не моја, ЕУ треба да делува геостратешки, геополитички, и засновано на заслуги, и ако една земја заслужила таа не треба да биде одбиена затоа што тогаш станува игра и албанскиот народ ќе почувствува дека е игра, изјави Рама.

На тоа се надоврза претседателот на Европската Комисија, Жан Клод Јункер кој порача дека двете земји треба да добијат преговори без одвојување.

-Ова на е игра, ова е трагичен регион и немаме право да играме игри, јас силно ја поддржувам ЕУ перспективата на регионот, препораката за старт на преговори со Албанија се донесе врз основа на заслугите на албанскиот народ. Северна Македонија и Албанија имаат свое место во ЕУ без одвојување, изјави Јункер.

Еди Рама ги отфрли обвинувањата дека се залагал за Голема Албанија и порача дека единствен негов е сон е “Голема Европа”.

Треба да знаете
Последни објави