Search

Рама до опозицијата: Доколку освоите една општина повеќе, парламентарни избор на есен

Албанскиот премиер и лидер на владејачката Социјалистичка партија Еди Рама со својата денешна изјава ја предизвика опозицијата, порачувајќи и дека е подготвен да оди на предвремени избори, на есен, доколку на локаланите избори опозицијата освои една општина повеќе од нив.

-Доколку на престојните јунски локални избори освоите една општина повеќе од нас, ние сме подготвени да одиме на предвремени избори на есен. Но, запомнете дека постои само еден начин, на крајот од денот луѓето одлучуваат кој победил и кој ја изгубил битката. Изборите на 30 јуни ќе одлучат какви луѓе сакаме, порача Рама од плоштадот „Мајка Тереза”.

На плоштадот се одржува манифестација во рамки на проектетот „Општина каква посакуваме” каде Рама го промовираше Ерион Велиај за кандидат за втор мандат за градоначалник на Тирана.

Рама уште со порака до опозицијата дека Социјалистичката партија нема мандат од грааните за да замине.

-Ви понудвме соработка за изборни реформи. Ние ја истрпивме калта, јајцата, мастилото и бојата која поради вашиот очај ги фрлавте врз нашите лица, но сето тоа беше бескорисно. Наместо да не предизвикувате со идеи, избравте да нè гаѓате со камења… Ви порачувам дека немаме мандат за да заминеме, туку само договор со граѓаните на оваа земја да останеме , рече Рама.

Обраќањето на Рама на манифестацијата е на паузата на Конгресот на неговата партија што се одржува во „Палатата на бригадите” во Тирана.

Во првиот дел се обратија неколку министри и градоначалнци, а по паузата обраќање ќе има и Рама, по што се очекува да бидат промовирани кандидатите за градоначалници за локалните избори што ќе се одржат на 30 јуни

Треба да знаете
Последни објави