Search

Рама го тужи Харадинај за клевета

Албанскиот премиер Еди Рама до Основниот суд во Приштина поднел тужба за клевета против косовскиот колега во заминување Рамуш Харадинај. Тужбата се однесува на клевета дека Рама наводно се залагал за рамена на територии меѓу Белград и Приштина. Харадина оценува дека тужбата нема основ и дека е поднесена само за да се избегне политичката одговорност.

Харадинај наведе дека во законски предвидениот рок ќе даде одговор на тужбата, пренесе Косово онлајн.

-Во медиумите денеска е објавено дека албанскиот премиер Еди Рама, на суд поднел тужба против мене. Според законот, јас ќе го подготвам одгвоорот на тужбата во законските рокови, наведе Харадинај.

Тој тужбата ја нарече неоснована и обид за избегнување на одговорноста.

„Тужбата на премиерот Рама е сосема неутемелена и претставува негова политичка диверзија за да се сокрие зад медиумските драми и за да ја избегне одговорноста. Нашиот народ и Косово имаат луѓе кои ќе бидат нејзиниот браник во секој момент”, наведе Харадинај на Фејсбук.

Рама претходно пред Основниот суд во Приштина поднесе  тужба против Харадинај во која наведе дека косовскиот премиер го клеветел заради што бара извинување и отштета.

Во тужбата тој наведува дека Харадинај во неколку емисии емитувани во октомври минатата година зборувал за размена на територии меѓу Белград и Приштина, обвинувајќи го него дека со Хашим Тачи и Александар Вучиќ ја отвориле идејата за размена на територии.

Треба да знаете
Последни објави