Search

Рама:Не сакам институционален конфликт,Мета ја изгуби политичката битка

Албанскиот премиер Еди Рама,по речиси целодневни преписки на социјалните мрежи,со претседателот Илир Мета, синоќа изјави дека не сака институционален конфликт на релација премиер-претседател на држава.

Гостувајќи во емисијата „Слободна зона” на тиранската телевизија „Клан” премиерот рече дека претседателот Илир Мета е против знаењето и чистотата, со тоа што не се согласил Гент Цакај да биде министер за надворешни работи.

Рама уште со став дека Мета ја загубил политичката битка и е тука  за да го спроведува Уставот.

-Не сакам институционален конфликт. Во овој случај, го прекинав моето молчење затоа што Мета е ангажиран во криминал против знаењето и чистотата. Криминал против момче кое можеби заслужува предрасуди од јавноста, но не и намерно малтретирање од Илир Мета и не негово користење како месо за отстрел против претседателот на Косово и премиерот на Албанија. Со подигнување вулгарни и антиалбански теории дека кој мисли поинаку е национална опасност,е непрпфатлпво-изјави Рама.

Тој посочи дека Илир Мета го прекршил Уставот со Сандер Леши,кога не ја потпишувал уредбата за назначување за министер за внатрешн работи,како  и со непотпшувањето на други закони.

-Мета ја изгуби политичката битка. Ги изгуби изборите и е тука претседател за да го гарантира уставот и националното единство. Не е таму за да дава мислења. Нас не не нтересира што мисли претседателот за даноците,-рече Рама .

На прашањето зошто не го разрешува Мета од претседателската функција,Рама одговори дека за тоа е потребно апсолутно мнозинство во Парлементот.Додаде дека претходникот на Мета, Бујар Нишани, заслужува почит токму поради Илир Мета.

-Без оглед на тоа што беше партиска личност не стигна онаму каде што стигна Мета,- оцени Рама,обвинувајќи го дека сеуште се однесува како лидер на Социјалистичкото движење за интеграција(ЛСИ).

Треба да знаете
Последни објави