Search

Ралф Лорен првиот американски дизајнер кој доби Орден на британската империја за заслуги во областа на модата

Американскиот дизајнер Ралф Лорен доби Орден на британската империја за заслуги во областа на модата, напиша „Асошиејтед прес“. Наградата на 79-годишниот Лорен му ја врачи принцот Чарлс на приватна церемонија што се одржа во Бакингaмската палата.

Ралф Лорен е првиот американски дизајнер кој ја добива оваа награда. Дизајнерот вели дека секогаш црпел инспирација од британските историја, традиции и култура, за своите дизајни.

„Тоа што ме удостоивте со почесно витештво е исклучително посебен момент во мојата 50-годишна кариера во модата“, рекол Лорен.

Треба да знаете
Последни објави