Search

Ракометната федерација на Македонија доби нов партнер Халк банка

Ракометната федерација на Македонија доби нов партнер Халк банка

Денеска беше означен почеток на едно ново партнерство, Ракометната федерација на Македонија доби нов партнер во Халк банка, а тоа беше можност покрај информациите за партнерството да се слушне и каква е подготвеноста на ракометарите пред дуелот со Турција.

„Почнуваме нов циклус и сега со нов партнер. Амбициозни сме и заедно со новиот партнер ќе бидеме уште поуспешни и ќе правиме нови големи резултати за Македонија. Знаеме што ни е целта. Имаме максимален респект кон сите репрезентации во нашата група и верувам дека овие натпревари ќе ги искористиме на најдобар можен начин за да се подготвиме за настапот на Светското првенство“, коментираше Кире Лазаров на денешниот прес.

Средбата против Турција се игра утревечер од 20:15 часот во Битола, додека мечот од 2. коло е в недела од 16 часот во Кожани.

Треба да знаете
Последни објави