Search

Ракометарките убедливо поразени од Србија

Женската ракометна репрезентација на Македонија загуби во првиот контролен меч на гостувањето во Стара Пазова од Србија со 33:25.

Србинките уште од самиот почеток заиграа многу подобро и стигнаа до предност, која постојано ја зголемуваа, па по првите 30 минути имаа двојно повеќе дадено голови, за водство од 20:10.

Во вториот дел нашите ракометарки не дозволија да бидат прегазени и со подобра игра го добија вториот дел со 15:13 и на крајот разликата во корист на Србија беше осум гола.

Треба да знаете
Последни објави