Search

Ракометарките против Исланд, Литванија и Грција во претквалификациите за пласман на СП

Женската ракометна репрезентација на Македонија  во претквалифиакциите за пласман во баражот од Светското првенство кое наредната година ќе се одржи во Шпанија ќе игра во 2. гуупа со соодветните селекции на Исланд, Литванија и Грција.

Квалификациите ќе се играат турнирски од 27 до 29 ноември, односно од 4 до 6 декември. Пласман во баражот ќе изборат по две репрезентации од секоја група. Баражите на програмата ќе бидат во април наредната година.

На денешната ждрепка во Виена беа формирани две групи со по четири и три групи со по три репрезентации.

Група 1: Словачка, Украина, Израел, Луксембург
Група 2: Македонија, Исланд, Литванија и Грција.
Група 3: Турција, Португалија, Финска
Група 4: Австрија, Италија, Косово
Група 5: Белорусија, Швајцарија, Фарски острови

Пласман на Светското првенство веќе изборија Холандија како светски првак и Шпанија како домаќин на турнирот.

Треба да знаете
Последни објави