Search

Ракометарите со убедлива победа од 15 гола против Алжир

Македонската ракометна репрезентација со победа ги почна настапите во Президент купот.на Светското првенство 2023. Попладнево во Плоцк совладан е Алжир со 40:25.

Ова беше прв натпревар за „црвено-жолтите” во Групата-2 за пласман од 25 – 32. место.

По трите убедливи порази во Ф-групата, избраниците на селекторот Кирил Лазаров, денес одиграа добар натпревар без оглед на противникот кој не е на ниво на Норвешка, Холандија или Аргентина. Кај македонските ракометари видлива беше желбата за добар резултат и одлучноста да се покаже дека во овој тим сепак има потенцијал за повисок дострел.

Најефикасни во победничкиот состав со по седум голови беа Дејан Манасков и Жарко Пешевски.

Во вториот меч од оваа група од 18 часот се среќаваат Тунис и Мароко.

Денешниот распоред на Мундијалот 2023 Полска/Шведска ги содржи натпреварите од Главната групна фаза играат:

Катар – Холандија 30:32

САД – Бахреин 27:32

Египет – Белгија (18:00)

Германија – Аргентина (18:00)

Данска – Хрватска (20:30)

Норвешка – Србија (20:30).

Треба да знаете
Последни објави