Search

Ракометарите се собраа за подготовки, Лазаров се понуди да биде плејмејкер

Македонската ракометна репрезентација  денеска и официјално стартуваше со подготвките за Мундијалот во Германија и Данска.  Поради божиќните празници или обврски кон клубовите на првата прозивка недостасуваше селекторот Раул Гонзалез и неговиот помошник, Роберто Парондо, како и интернационалците Борко Ристовски, Филип Лазаров и Филип Талески.

Од претходно е познато дека во Германија поради повреда нема да патува еден од клучните играчи во тимот, средниот бек Филип Миркуловски, а не се повикани Немања Прибак и Никола Маркоски.

Во нашата група се уште Јапонија,Шпанија, Хрватска, Исланд и Бахреин, а првите три обезбедуваат пласман во следната фаза. Ракометарите ќе се подготвуваат во Скопје, тренинзите ќе се реализираат во салата „Борис Трајковски“ до деветти јануари кога ќе одлетаат за Минхен каде ја играме групната фаза од Светското првенство.

-Јас можам да му се понудам на Раул како среден бек, зашто еден дел од сезоната во Нант играв среден, бидејќи сме тројца леваци. И онака ги имаме Јагуриновски и Серафимов за десни бекови, зошто да не, има примери со средни бекови леваци, Монпелје со Ричардсон итн. Зошто да не бидеме разновидни и да ги изненадиме противниците, предложи Лазаров.

Фото: Слободан Ѓуриќ

 

Треба да знаете
Последни објави