Search

Ракометарите по дуелот со Данска веднаш се враќаат во Скопје

Ракометната репрезентација на Македонија со вечерашниот натпревар против Данска, го завршува настапот на Европското првенство и нема да го продолжува престојот во Дебрецин.

Ракометарите загубија во првите две кола од групата А против Словенија (25:27) и Црна Гора (24:28) со што ги загубија и теоретските шанси за пласман во главната фаза на ЕП кое се игра во Унгарија и Словачка и вечерашниот натпревар против актуелниот светски и олимписки шампион Данска нема да има резултатско значење за избраниците на Лазаров бидејќи ќе бидат последни ви групата А.

Ракометната федерација на Македонија одлучи, репрезентативците по натпреварот со Данска, веднаш со чартер лет да се вратат во Скопје.

Треба да знаете
Последни објави