Search

Ракометарите на „Охрид” со победа стартуваа на турнир во Холандија

Ракометарите на „Охрид” со победа стартуваа на Меѓународниот турнир што се одржува во холандскиот град Сомерен.

Популарно наречените „Гладијатори” со 32-24 славеа над тимот на „Херкулес”, во натпреварот што почна со минута молчење како почит кон ненадејно починатиот градоначалник Јован Стојаноски, кој беше голем подджувач на ракометот и спортот воопшто.

РК „Охрид” вечерва игра против „Крас Волендам” екипата што минатата година охриѓани ја елиминираа од ЕХФ – купот.

Машкиот и женскиот состав на охридскиот ракометен клуб за Холандија отпатуваа минатата седмица, каде според распоредот треба да одиграат по три натпревари.

Предвидени се и средби со претставници на локалната власт на градот Сомерен.

Треба да знаете
Последни објави