Search

Ракометарите на Војводина го совладаа Еурофарм Пелистер во рамки на СЕХА лигата

Ракометарите на Еурофарм Пелистер со пораз се враќаат од Нови Сад каде вечерва во рамки на првото коло од ракометаната СЕХА лига беа надиграни од домашната Војводина.

Домаќините славеа со 29:24, а победата не беше доведена во прашање во ниту еден дел од натпреварот во кој битолчани не покажаа ништо од најавената тактика и борба за успех.

Слабостите на Еурофарм Пелистер посебно дојдоа до израз во второто полувреме кога новосаѓани од минута во минута го зголемуваа водството преку разиграните Милиќ, Роган и Пуковски.

Единствена светла точка кај битолчани беше репрезентатицевот Костески кој постигна седум голови, но недоволно за поволен резултат на првиот натпревар од годинешниот серијал натпревари во ракометата СЕХА-лига.

Треба да знаете
Последни објави