Search

Ракометарите на Вардар не отпатуваа на мегдан со ПСЖ во Париз

Македонскиот и сеуште европски ракометен шампион Вардар не отпатува во Франција каде утре требаше да излезе на мегдан со Пари Сен-Жермен во рамките од групата во новото издание на елитното натпреаврување Лигата на шампионите.

Во очекување на официјална информација од таборот на „црвено-црните”, во јавноста се појавија шпекулации дека во прашање со два нови случаи со коронавирус.

Доколку се потврдат ваквите шпекулации, не се знае дали целиот тим ќе оди во карантин, или остатокот од екипата ќе патува во Париз во друг термин.

Единствено што во моментов е јасно дека утре нема да има дуел ПСЖ – Вардар.

Треба да знаете
Последни објави