Search

Раководството на „Јунајтед“ изразува целосна поддршка за Солскјер

Тренерот на Манчестер јунајтед, Оле Гунар Солскхер нема да биде отпуштен од работа, пренесува „Дејли меил”. Според британскиот весник, 46-годишниот Норвежанец ужива целосна поддршка кај одборот на директори и американските сопственици, и покрај најлошиот почеток на тимот во последните 30 години.

Јунајтед досега на осум натпревари во Премиер лигата има само две победи.

Раководството се потпира на Солскјер на долг рок и планира да создаде нов тим под негово водство.

После осум кола Јунајтед има девет бода во Англиското фудбалско првенство и е само со два бода повеќе од екипите кои се во зоната на испаѓање.

Треба да знаете
Последни објави