Search

Ракетиќ не сака да си оди од Барселона

Хрватскиот фудбалски интернационалец Иван Ракитиќ од редовите на шпанскиот првак Барселона не сака да го напушти предвреме „Камп Ноу“. Ракетиќ не ја прифатил понудата да се најде во пакетот кој Барселона го подготвува за ПСЖ како би дошла до договор за ангажман на Бразилецот Нејмар. Шпанскиот првак веќе го понуди Кутињо, а за да му биде конкурентен во надавањето на лутиот ривал Реал Мадрид кој нуди три играчи, сака да ја засили понудата за „светците“ и со Ракитиќ. Покрај две ѕвезди Барселона нуди и парична отштета.

Шпанските медиуми откриваат дека Ракитиќ не сака да биде дел од оваа преселба. Хрватот има договор со Барселона до 2021 година и сака да го одработи до крајот. За него постоеше интерес и од италјанскиот Интер, но реши да остане на „Камп Ноу“.

Треба да знаете
Последни објави