Search

Ракетен фрлач од СФРЈ пронајден покрај локален пат

Тетовец пронашол рачен ракетен фрлач, покрај локалниот пат за селото Селце, на место викано Црн камен.

МВР соопшти дека полициски службеници излегле на местото и било констатирано дека се работи за ракетен фрлач РБП 64 мм М 80 од СФРЈ.

Рачниот фрлач бил подигнат од пиротехничар од Дирекцијата за заштита и спасување и предаден за понатамошна постапка.

Треба да знаете
Последни објави