Search

Разрешен директорот на затворот Идризово, ќе го наследи генерал мајор Зоран Јовановски

Досегашниот директор на Казнено-поправната установа „Идризово“, Шпенд Тахири е разрешен од должноста на денешната владина седница, а на неговото место како в.д. директор е именуван генерал-мајор, магистер Зоран Јовановски.

-Донесовме одлука за нов в.д. директор на КПУ Идризово. На мој предлог е именуван за нов директор генерал мајор м-р Зоран Јовановски кој во текот на својата професионална кариера ппоминал обуки во полициската академија во Луизијана, САД, поминал обуки во Германија, бил на обука организирана од министерството за правда на САД, а поминал и обуки во Турција и во Англија – соопшти премиерот Димитар Ковачевски.

Треба да знаете
Последни објави