Search

Разделба по тримесечна романса: Бред Пит и Никол Потуралски повеќе не се заедно

Холивудскиот актер Бред Пит и неговата девојка, моделот Никол Потуралски, тајно се разделиле по тримесечна врска, објавија таблоидите.

Бред (56) и Никол (27) за првпат беа забележани заедно во август, но сега се е завршено, со извор кој тврди за порталот „Пејџ сикс“ дека тие не се во врска веќе некое време.

Инсајдерот ја коментира нивната романса: „Готово е, никогаш не беше толку сериозно колку што изгледаше во таблоидите.“

Атрактивната Германка е во „отворен брак“ со мултимилионерот Роланд Мери (68), бизнисмен и сопственик на ресторан во Берлин со кого го дели синот Емил (7).

На почетокот на месецот, таа објави видео на Инстаграм прашувајќи зошто добива толку многу негативни коментари и омраза на социјалните мрежи откако излезе на виделина веста за нивната романса.

„Од секогаш се прашувам зошто луѓето оставаат коментари полни со омраза?“ рече таа.

Во меѓувреме, инсајдер откри за „Јуес викли“ дека Бред останал реален во врска со Никол бидејќи таа живее во Германија, а тој има многу комплицирана семејна ситуација што се обидува да ја среди.

Треба да знаете
Последни објави