Search

Раздвижен ден на италијански пазар и покрај строгите мерки поради коронавирусот

На почетокот на март, кога состојбата со коронавирусот во Италија стана многу тешка, премиерот Џузепе Конте воведе карантин во земјата. На почетокот, беше забрането да седи во кафулиња и ресторани поблиску од еден метар оддалеченост и се советуваше што е можно помало движење надвор.

Потоа беше воведен целосен карантин, при што луѓето од домовите можеа да излезат само доколку е неопходно, но и на работа и по намирници. Затворени беа рестораните и кафулињата, како и скоро сите продавници кои не продаваат храна или лекови.

Во земјата се заразени над 115.000 луѓе, а скоро 14.000 починаа. Во ваква ситуација, фото-репортерите на агенцијата ЕПА сликале како изгледа еден пазарен ден во северно-италијанскиот град Падова, кон средината и крајот на март.

На фотографиите од крајот на месецот може да се види дека на земјата е обележан простор за одржување на потребното растојание, но сепак не сите луѓе се придржуваат до правилото. Граѓаните пазарат на отворено, поглемиот дел од нив носат маски, иако, во принцип, се преблиску едни до други.

Погледнете како изгледа купувањето на намирници на италијански пазар во време на коронавирус:

Треба да знаете
Последни објави